Иалијанскиот гигант одлучи да не го продолжува договорот со напаѓачот Пауло Дибала.
Како што тврди весникот „Калчо Меркато“, клубот од Торино, го повлекол својот предлог за продолжување на соработката. Познато е дека Дубала сакаше да остане во Јувентус под услов да добива 10 милиони евра годишно.
Дваесет и седумгодишниот Аргентинец игра во торинскиот клуб од 2015 година. Неговиот договор со Јувентус трае до летото 2022 година.
Претходно, управата на клубот го суспендираше играчот на неколку натпревари поради фактот што тој ги прекршил мерките на претпазливост за време на пандемијата на коронавирус присуствувајќи на настан полн со луѓе.