Напаѓачот Ентони Марсијал одби да го напушти Манчестер Јунајтед иако имаше конкретна понуда на неговата маса.
Имено, Лион беше заинтересиран за овој офанзивен играч, а спортскиот директор во неколку наврати разговараше со челниците на Јунајтед за да го реализира трансферот.
Сепак, според француските медиуми, иако Јунајтед се согласил на трансферот, Марсијал не го сторил тоа, па плановите на Лион пропаднале.
Марсијал пристигна во Јунајтед во 2015 година од Монако за кој играше две сезони, во сезоната 2012/2013 одигра три натпревари за Лион.
За „Црвените ѓаволи“ одигра вкупно 261 натпревар. Тој постигна 78 гола на кои додаде 50 асистенции.
Со Манчестер Јунајтед го освои ФА Купот, Лига Европа, Лига Купот и Суперкупот.