Знаеме дека Мицкоски е НЕ, така беше за Преспа, така беше за НАТО, така ќе биде за се’ секогаш и секаде. Мицкоски сака Северна Македонија да биде неслободна земја, без пријатели и сојузници, напиша Ненад Јовановиќ на Фејсбук.

„Мицкоски сака оваа земја да биде затворена, плашлива од странци, нетрпелива и со огромни предрасуди кон човечките различности.

Мицкоски е против “Европскиот предлог” (намерно не велам “Француски” оти Макроновиот предлог го поддржаа 27 земји членки на Европа), затоа што неговата политика е антиевропска.

Јас сум овој предлог да се поддржи. Овде нема простор за седење на две страни. Европскиот предлог е Северна Македонија да биде отворена, своја, суверена, со признат македонски идентитет и македонски јазик. Сите финти за бугаризација се ништо друго освен глупирање и отстапување од Европа.

Во конечното, со Европа имаме 90% трговска размена. А Мицкоски сака конфедерација со Орбанова Унгарија и кокетирање со Путиновиот Кремљ.

Шетај, бе, батка, чим е така. Широка ти пољана.

Мојата земја нема да ја затворате, напротив, допрва ќе ја отвараме, ама не предавнички, како што одвратно игра на комплексите и фрустрациите на неговото членство Мицкоски, туку ќе ја отвориме како дел од Европскиот и цивилизиран свет.

Затоа, Мице, можеш слободно да шеташ и протестираш. Ама Северна Македонија да ја затварате во глупави и контраверзни сојузи со Орбан и Путин, тоа кога ќе си го видам тилот.

Ќе ја затворите Северна Македонија кога ќе си го видам тилот“, стои во неговата објава.