Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа причина во оваа фаза да се укине ветото за почеток на преговорите со ЕУ со Северна Македонија. Таа ова го изјави во ексклузивното интервју за емисијата „Брисел 1“ на Bulgaria ON AIR по нејзината посета на Битола и Охрид пред неколку дена.

Јотова истакна дека указите за бугарско државјанство издадени на луѓе од Северна Македонија само од 2007 година наваму се 85.000.

„Бугарија има 5 услови за РСМ, кои се поставени одамна, дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Има 18 состаноци на Заедничката историска комисија и нема ниту една наредба да се менуваат текстовите во учебниците во РСМ“, изјави Јотова.