За разлика од минатата година за дочекот на Новата Година, кога угостителските објекти имаа забрана за работа, оваа година локалите ќе можат да работат и да организираат прослави со олеснителни анти ковид мерки. Но и покрај тоа, угостителите не се задоволни бидејќи сертификатот за вакцина ќе биде влезен билет за во локалот.
И микробиологот Никола Пановски во Клик Плус на ТВ 21 истакна дека сертификатите за примена вакцина не требало да се воведат воопшто бидејќи тоа е малтретирање за граѓаните.
Претседателот на независната угостителска комора, Здравко Јосифовски вели дека многу млади отишле надвор од земјава за прослава на Нова Година.
Јосифовски со последната изјава за оваа година рече дека се надева на крај на пандемијата на пролет и дека сите граѓани ќе се вратат во нормала. Додека надлежните орган и апелираат граѓаните да внимаваат со консумирањето алкохолни пијалаци и храна за да не завршат на Ургентно.