По 15 години на клупата на германската репрезентација, Јоаким Лев одлучи дека е време за заминување и нови предизвици и најави дека ќе го напушти селекторското место по Европското првенство, кое се игра ова лето.

Медиумите во Германија веднаш започнаа да шпекулираат кој може да дојде на местото на Лев, а првиот пик беше Јирген Клоп, но тренерот на Ливерпул веднаш одговори на овие пишувања.

 
“Не. Јас сум концентриран на Ливерпул. Имавме тешка сезона. Треба да се консолидираме на лето и да видиме како ќе се одвива. Јоаким заврши одлична работа со Германија и кој и да е нов селектор ќе има тешка задача. Јас не се гледам таму во моментот. “– рече Клоп.