Пукање за време на митинг, закани со бомба, поткуп на гласачи со пари, но и со бекатон плочки се само дел од нерелугарностите и инцидентите за време на изборната кампања, но и денот на изборите. МВР да ги најде за обвинителството да ги гони пиштолџиите од митингиот во скопски Чаир е само мал дел од предметите кои обвинителстовто ги отворило и кривично ги гони сторителите како дел од изборните нерегуларности кои го одбележале изборниот процес. Се кинеле гласачки ливчиња и полицијата го уапсила Скопјанецот, додека друг сограѓанин пијан се обидел да го краде изборниот материјал ставајќи го в џеб. Обвинителството трага и по заканувачи кои сториле крвично дело изнуда кон кандидат за советник за Скопје.
Во општина Лозово независен кандидат делел по 3000 денари. И тој и поткупените граѓани ќе се гонат кривично велат од обвинителството. Овие избори Кочани е општината со најголем број прекрушувња на изборниот прцес. Две лица се заканувале на повеќе граѓани дека доколку не гласаат за одредена партија ќе бида избркани од работа. Други, пак, превезувале групно граѓани со организиран превоз во Кочани ,а трети минувајќи со возило нуделе пари за поткуп на гласачи. Кочанчани успеале да го сторат и кривичното дело „Повреда на слободата на определување“ и пред домот на кулутрата врешеле агитација и убедувале граѓани како да гласаат,а тие се дел од четирите предмети и седуммината осомничени ширум државата. Се агитирало и во Гостивар, а поткуп се вршело и во Делчeво и Тетово.
И МВР е со полни раце работа откако примиле 40 – тина пријави за нерегуларности во изборната кампања, за време на изборниот молк и денот на изборите, а голем број пријави стасале и кај народниот правобранител од граѓани, невладини здруженија и партии за кршење на избирачкото право.