Јавниот долг заклучно со третиот квартал падна под 60 отсто од бруто домашниот производ, колку што е определено со мастришкиот критериум на Европската Унија, позиционирајќи се на ниво од 59,3 проценти од БДП, соопшти Министерството за финансии, додавајќи дека ова ја покажува добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии и во време на пандемијата со Ковид-19.
Од Министерството информираат дека јавниот долг во третиот овогодишен квартал забележа намалување од 3,8 процентни поени во однос на второто тримесечје од 2021 година, односно од 63,1 отсто се намали на 59,3 проценти од БДП..