Поранешниот министер Миле Јанакиески денеска е осуден на условна казна затвор од две години за случајот „Дизајн“, односно за набавката на 202 двокатни кинески автобуси, потврдуваат од Кривичниот суд за „Фокус“.
Јанакиески условната казна ја доби откако претходно призна вина, а истата казна им беше изречена уште две обвинети, кои биле членови на Комисијата за јавни набавки.
Во овој случај е обвинет и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, но нему ќе продолжи да му се суди, бидејќи тој не призна вина и истакна дека не го разбрал обвинението поднесено против него. Тој е обвинет како член на Комисијата за јавни набавки во Град Скопје.
Предметот го отвори поранешното СЈО, а истрагата ја водеше обвинителката Лиле Стефанова