Отсуството на првообвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој е позитивен на ковид-19 го одложи судењето за случајот „Шпански скали” за 18 февруари.
Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиевски, на 7 февруари бранителот на Јанакиевски поднел барање за одлагање на закажаното рочиште бидејќи тој е позитивен наковид-19 и приложил решение за самоизолација од 3 февруари.
Во случајот „Шпански скали“, покрај поранешниот министер Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов. Тие се товарат дека со незаконска продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.