Порталот „Пари“, ексклузивно дојде до листата на ТОП 10 најуспешни извршители во Македонија за 2021 година. Жените извршителки и мажите извршители подеднакво застапени на листата ТОП 10, која ја предводи извршителката Катерина Кокина од Скопје, а завршува со Славица Ацовска, извршителка од Тетово. Кокина успеала за една година, односно во текот на 2021 година, да направи одлична добивка од речиси 130.000 евра.
Лидерот на листата, Кокина, своевремено била најмлад извршител, именувана на 29 години, и како извршител работи 11 години. Иако е една од помладите извршители, таа успеала во 2021 да сработи најдобри резултати.