Стакленичките гасови во атмосферата се на доволно високо ниво за да гарантираат нарушување на климата најмалку во следните декади, наведоа научниците во извештајот за климатските промени објавен денеска. Временските екстреми како смртоносните топлотни бранови и ураганите кои се случуваат сега се очекува да станат почести.

Advertisements

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го опиша извештајот како „црвен сигнал за човештвото“ и побара да се сопре со користење на јаглен и други фосилни горива кои предизвикуваат големо загадување. Британскиот премиер Борис Џонсон во реакцијата за извештајот кажа дека идната декада ќе се смета за клучна за обезбедувањето иднина за нашата планета.

Овој документ се објавува три месеци пред главната конференција за климатски промени на ОН која треба да се одржи во Глазгов, Шкотска, а на која се очекува земјите да бидат под притисок да направат поамбициозен план за климатска акција. Изготвен врз основа на повеќе од 14 000 научни студии се смета за најдетална слика за влијание на климатските промени врз Земјата.

Просечната глобална температура се очекува да порасне за 1,5 степени целзиусови во следните 20 години, освен ако итно не се преземе широка акција за намалување на стакленичките гасови, се наведува во извештајот на Панелот на Обединетите нации за климатски промени.

Прикажи повеќе