Полициски службеници во периодот од 18 до 24 јули спровеле акциска контрола за санкционирање на возила кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнување на стаклата. При контролата санкционирани се 23 учесници во сообраќајот.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопштија денеска од МВР.