– Играчот на Њу Орлеанс, Алвин Камара, испиша историја на Божиќ во американската НФЛ лига израмнувајќи рекорд стар 91 година.
Камара (25) запиша шест „тачдауни“ во триумфот на Њу Орлеанс над Минесота (52:33), што досега единствено му успеа на Ерни Ниверс, во 1929 година.
Њу Орлеанс со победата и скор од 11-4 ја обезбеди титулата во јужната НФЦ дивизија. (МИА)