Израелските сили синоќа на Западниот Брег убија четворица Палестинци, меѓу кои двајца милитанти и еден тинејџер, соопштија болнички извори.

Во соопштението на израелската војска се вели дека војниците биле околу градот Џенин, кој е во епицентарот на бројните неодамнешни судири, и се обидувале да уапсат осомничени милитанти.

Како што се наведува, за време на рацијата војниците биле „изложени на напад, а тие одговориле со оган“.

Здравствените власти соопштија дека загинале тројца Палестинци, а Исламски џихад објави дека еденод убиените е нивни член.

Според жителите на градот Џенин, еден од убиените бил машки цивил, кој случајно дошол за време на пукањето.

Израелската армија тврди дека отворила оган врз група која фрлала со камења и шишиња кон автомобилите што поминувале.