Израелските власти изразија длабока огорченост и испратија пораки со сочувство по пукањето во близина на Еврејскиот музеј во Вашингтон, во која беа убиени двајца вработени во израелската амбасада.
Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека Израел и САД „ќе застанат обединети во одбрана на своите граѓани и заедничките вредности“.„Скршен сум од сцените од Вашингтон“, напиша Херцог во соопштение објавено на Икс. „Ова е одвратен чин на омраза, на антисемитизам, кој ги одзеде животите на двајца млади вработени во израелската амбасада.“
„Нашите срца се со семејствата на убиените, а нашите молитви се со повредените. Ја нудам мојата целосна поддршка на амбасадорот и целиот персонал во амбасадата. Ние стоиме со еврејската заедница во Вашингтон и низ Соединети Американски Држави“, додаде израелскиот претседател.
Министерот за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека Израел „нема да попушти пред тероризмот“.
„Ужасни вести утрово – шокантен терористички напад во кој беа убиени двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон“, објави Саар на Икс.
Тој разговараше и со американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, кој изрази сочувство и извести дека е во тек „интензивна истрага“.