Израелската армија тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах, Сухаил Хусеин Хусеини во Бејрут.

Во соопштението се наведува дека Хусеини, кој раководел со логистиката на Хезболах и финансирањето на неговите различни единици, бил убиен во вчерашниот воздушен напад врз либанската престолнина.

Израелската војска соопшти дека Хусеини бил и член на Советот за џихад на Хезболах, највисокото воено тело на милитантната организација, пишува The Times of Israel.

„Хусеини одигра клучна улога во трансферот на оружје меѓу Иран и Хезболах и беше одговорен за дистрибуција на модерно оружје меѓу единиците на Хезболах, надгледувајќи го и транспортот и дистрибуцијата на ова оружје“, се вели во соопштението.

Хезболах се уште не ги коментира овие тврдења на израелската армија, пренесува Ал Џезира.