Дваесет лица загинаа, а десетици други се повредени во напад врз училиште во северниот дел на Газа, соопшти денеска Министерството за здравство на палестинската територија управувано од Хамас.

„Дваесет загинати и десетици ранети се префрлени во болницата Ал-Шифа во градот Газа, по директното таргетирање училиште кое беше пренаменето во импровизиран камп за раселени луѓе во областа Ал-Сафтави во северниот дел на Газа“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.Неколку тенковски минофрлачки гранати паднаа врз училиштето кое беше директна цел.