Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, понудил израелски посреднички услуги во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се запрат непријателствата во Украина, соопшти Кремљ.
Во телефонскиот разговор инициран од израелска страна рускиот претседател го информирал Бенет за специјалната воена операција во Украина. Притоа двете страни се согласиле да продолжат билатералните контакти на сите нивоа.
„Руска делегација е во белорускиот град Гомел, подготвена за преговори со Киев, но Украина покажува недоследност бидејќи се уште не ја искористила таа можност“, нагласил рускиот претседател Владимир Пути