Израел ги подготвува своите болници и здравствениот систем за „можни ескалации на безбедносната ситуација“, соопштија здравствените власти.

Израелското Министерство за здравство „го олеснува трансферот на пациентите од болниците на северот на земјата во болниците во центарот за да се овозможи подготвеност на болниците на север за секакви можни идни ескалации што може да се случат“, изјави портпаролката на Министерството за здравство, Шира Соломон во соопштението.

Овој потег доаѓа пред очекуваната копнен инвазија на израелските одбранбени сили во Газа и нападите кои доаѓаат од Либан и Сирија, јави Си-Ен-Ен.