Израел одобри спреј за нос кој може да го спречи ширењето на коронавирусот. Спрејот го создаде д-р Гили Регев, која вели дека спрејот ќе спаси многу животи во земјите кои чекаат вакцини. Ќе биде евтин и ќе може да се користи и превентивно против секоја респираторна вирусна инфекција.

Таа вели дека спрејот се покажал делотворен во лабораторија против широк спектар на вируси.

Новите варијанти на коронавирусот нема да влијаат врз неговата делотворност. Тој ги убива сите вируси и сите соеви, вели Регев.

Производството на спрејот „Еновид“ почна во Израел со партнерската компанија Nextar Chempharma Solutions Ltd и се очекува дека производот би можел да се најде по рафтовите на лето.

Крис Млен, главен научник во SaNOtize, изјави дека нивната формула со азотен оксид за употреба кај луѓе е осмислена за да ги уништи вирусите во горните дишни патишта, да спречи нивно инкубирање и проширување на градниот кош.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.