Четири месеци откако Израел ја почна својата кампања за вакцинација, над пет милиони Израелци ја примија и втората доза од вакцината против ковид-19, објави денеска тамошното Министерство за здравство.
Паралелно со успехот на кампањата, израелската влада почна со постепено олеснување на рестриктивните мерки, особено за оние што се вакцинирани и оние што прележале ковид-19.
– Advertisement –
Од неделата повеќе не е задолжително да се носи маска на отворено.
Бројот на сериозно болни пациенти, исто така, драматично падна и неодамна изнесуваше околу 160, во споредба со крајот на јануари, кога имаше околу 1 200. Израел, кој има девет милиони жители, ја почна кампањата за вакцинација на 19 декември.