По денешниот инцидент во Египет, израелскиот Совет за национална безбедност ги повика Израелците во   Египет да ја напуштат земјата што е можно поскоро.

Во соопштението на својата веб-страница, Советот, исто така, бара од Израелците да се воздржат од патување во земјите од Блискиот Исток и други нации со предупредувања за патување.

Двајца Израелци и еден Египќанец беа убиени денеска во градот Александрија кога египетски полицаец отворил оган врз автобус со израелски туристи, соопшти египетското МВР.

Телевизискиот канал „Екстра њуз“, повикувајќи се на неименуван службеник на египетската служба за безбедност, објави дека во нападот е рането уште едно лице.

Според полицијата, напаѓачот е приведен.