Израел денеска ги повика своите граѓани да не патуваат во странство, со образложение дека антисемитизмот е во пораст ширум светот.

Израелските власти „гледаат значително зголемување на антисемитизмот“ и поттикнување на антисемитски акти, како и „напади што можат да ги загрозат животите на Израелците и Евреите ширум светот“, се вели во соопштението на израелскиот Национален совет за безбедност.