Израелски авиони рано утрово погодија неколку локации во Појасот Газа, откако палестинските сили во петокот испукаа две ракети кон јужен Израел.

– Целта на израелскиот воздушен напад беше постројка за производство на ракети и локации за обука и сместување на армијата што припаѓа на Хамас, соопшти израелската армија.

Ракетите истрелани од палестинска страна во петокот беа насочени кон јужниот град Ашкелон, но беа неутрализирани од противвоздушната одбрана, се вели во соопштението на армијата.

Ниту една палестинска група во Газа не ја презеде одговорноста за ракетниот напад што го наруши повеќемесечниот прекин на огнот. (МИА)