Израелскитe воздухопловни сили во вторникот ги ракетирале домовите на тројца команданти на радикалното палестинско движење Хамас во Појасот Газа, објави прес-службата на израелската војска а истовремено објавено е дека во палестинско ракетирање на областа Ешкол на границата со палестинската енклава при што се повредени десет лица од кои четири се во сериозна состојба.

Службата за односи со јавноста на израелската војска се наведува дека командантите на Хамас ги користеле куќите за воени цели, вкличителни и за планирање на оператиовни активности, алудирајќи дека така станале легитимни воени цели.

Израелската армија, исто така, посочува дека во текот на изминатите 24 часа нејзините сли нападнале вкупно 12 домови на вископозициоонирани команданти на Хамас во Појасот Газа,

Малку подоцна, беше објавено дека сирените за тревога од воздушен удар се огласиле повторно во вторникот во градот Ашкелон, во близина на границата со Газа.