Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за скратување на периодот на изолација на ковид позитивните од десет на седум дена.
Препораката е веќе доставена на Владата, и за неа ќе се расправа на следната владина седница.
Препораката за кратење на изолацискиот период е врз основа на полесната клиничка слика што ја предизвикува новиот сон омикрон, кој станува доминантен во земјава.
На седницата на Главниот координативен кризен штаб министерот Беким Сали ја презентирал моменталната состојба со пандемијата.
Претходно, министерот за здравство Беким Сали истакна дека засега единствено се размислува за кратење на изолацискиот период за ковид-позитивните од десет на седум дена, но не и за укинување на сертификатите и маските