Претседателот на Комисијата Арбер Адеми вели дека сите над сто амандмани поднесени од Алијанса и Алтернатива биле неуредно поднесени, додека трите амандмани од Левица не биле прифатени
Утре за измените ќе расправа Законодавно-правната комисија, а можно е да има и пленарна седница
Во Собранието доцна попладнево Комисијата за европски прашања ја заврши расправата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис.
Пратеникот од ДУИ Арбер Адеми, кој претседава со оваа комисија, за МИА изјави дека само до 15 часот биле доставени повеќе од 100 амандмани од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и три од Левица, но ниту еден не прифатен.
За амандманите од Алијанса и Алтернатива Адеми вели дека не се прифатени, оти биле неуредно доставени.
(Целиот напис прочитајте го на 360 степени.)