Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина денешната 38. собраниска седница, за чие продолжение рече дека пратениците ќе бидат дополнително информирани.
Како што соопшти Џафери продолжението на седницата ќе зависи од работата на собраниските комисии за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците – матични комисии за двете точки кои се на дневен ред на седницата.
Двете точки на дневниот ред на седицата се одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, како и измена на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.