Во СВР Скопје вчера 34-годишен жител на Пробиштип пријавил дека бил измамен од две лица за сума од 1.000 евра.

Како што соопшти МВР, според пријавеното, лицата му се доближиле и едно од нив му кажало дека неговата сопруга е во приватна болница и дека треба да му покаже пари на докторот, а тој нема моментално во него.

Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а другото лице му дало завиткана хартија во која наводно имало дијаманти како гаранција додека не му ги вратат парите.

Лицата заминале и не се вратиле, по што сфатил дека е измамен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.