Две лица од Тетово се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело – измама.

Според полицијата, настанот се случил во октомври 2024 година, кога Х.А. (58) довела во заблуда лице од Тетово, уверувајќи го дека може да му помогне со посредување во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, со цел тој и неговата сопруга да остварат надомест за помош и нега од друго лице.

Откако го уверила оштетениот дека ќе ја заврши постапката, заедно со С.Р. (51) од него побарале потребни документи и парични средства. Подоцна, барањето за надомест било одбиено, а парите, како што се наведува, не му биле вратени.

По преземените мерки, СВР Тетово поднела кривична пријава, а случајот е доставен до надлежните институции за понатамошно постапување.

Текстот Измама во Тетово: Двајца пријавени за земање пари за лажно посредување во Центарот за социјални работи е превземен од МАКФАКС.