Студија што ги следела пациентите отпуштени од болничко лекување наведува дека 69% од пациентите страдаат од слабост и отежнато дишење 54 дена по напуштањето на болницата. Исто така, се наведува дека 34% имаат постојана кашлица, а 15% се борат со депресија.
Научниците не можат да потврдат дека последиците се единствени само во случај на ковид-19. Слични симптоми се појавуваат кај тешки респираторни заболувања.
Според лекарите таканаречениот „долг ковид“ е вистински феномен и дека мора да се најдат начини за лекување на пациентите по излегувањето од болницата. .
Што е воопшто долг ковид?
Долг ковид е име за збир на симптоми со кои луѓето се соочуваат и долго откако ќе заздрават од болеста, односно добиле негативен тест на коронавирус.
Во просек, долгиот ковид трае подолго од 12 недели, но некои го користат и името за симптоми кои траат подолго од осум недели. Станува збор за трајно оштетување на белите дробови, срцето, бубрезите или мозокот, или едноставно за искуство на поблаги симптоми и покрај фактот дека болеста повеќе не може да се детектира.
Најчестите симптоми на долг ковид: отежнато дишење, болки во зглобовите, болка во градите, губење на вкус/мирис, замор, слаба концентрација.
Нова студија објавена во списанието „Природа“ откри и други симптоми: мали мозочни удари, компликации со згрутчувања во белите дробови, тахикардии.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.