Вирусите знаат да бидат долготрајно присутни во нашето тело, затоа единствено јакнењето на сопстениот имуниет може да ни помогне да оздравиме.
Патогенезата на ковид-19 е многу комплексна и вклучува супресија на имунолошкиот одговор, индукција на оксидативен стрес проследен со хиперинфламација наречена цитокинска бура предизвикувајќи акутни промени на белите дробови, фиброза на ткивото, пневмонија итн. Од друга страна пак, како последица на ковид-19 се јавува постковид синдром, кој се карактеризира со цела каскада на процеси по инфекцијата како што се пореметување во микроциркулацијата, зголемена склоност кон тромбоцитна агрегација, промени на белите дробови, кои може да остават трајни последици. Најчестите симптоми на постковид синдромот се краток здив, кашлање, болка во зглобови, грчеви во мускули, главоболка, ноќно потење, оштетување на срцето, бубрезите, депресија, анксиозност. Затоа, ако сте излечени од ковид-19, не мора да значи дека сте оздравени, бидејќи пост ковид синдромот може да трае и неколку месеци и ќе треба подолга рехабилитација со мултидисциплинарен пристап. За таа цел, покрај стандардниот медицински третман, се истражуваат доста фитонутриенти со докажано дејство за модулација на имунолошкиот систем, со анитивирусни, антиоксидантни и антиинфламаторни ефекти, овозможувајќи профилактичка и терапевтска поддршка кај лица со ковид-19, а најчесто користени се цинк, селен, витамин Д, витамин Ц, реиши печурката, резвератрол, сулфорафан, пчелни продукти, куркумин, пробиотици, кверцетин, мелатонин. Дел од нив може да ги внесеме преку исхраната, а дел во форма на додатоци во исхраната. Секако, потребна е правилна комбинација од нив и да се внимава на времетраењето и дозата на секој од нив со цел да се избегнат нус-ефектите.
Еве неколку факти за некои од горенаведените компоненти кои би требало да бидат вклучени во исхраната како за превенција, така и кај лица заболени од ковид-19, а особено во пост ковид периодот. Реиши печурката игра значителна улога во редукција на ковид-19 ефектите на некои хематолошки параметри, секундарните метаболити (алкалоиди, поликетиди, терпеноиди) имаат антивирусно дејство, а бидејќи се богат извор на биоактивни полисахариди (бета-глукани и галактоманани) даваат имуномодулаторен ефект, стимулирајќи ја продукцијата на антивирусни цитокини. Поради антитромботичните и антиинфламаторните ефекти, резвератролот може да биде добра пропратна компонента во третман на лица заболени од ковид-19 бидејќи ја модулира васкуларната хемостаза на различни новоа (влијае на тромбоцитната активација и агрегација, ги модулира факторите вклучени во коагулационата каскада). Од друга страна, пак, сулфорафанот во Т-клетките индуцира продукција на слободни радикали и репресија на инфламаторни цитокини и поради тоа може да помогне во третман на автоимуни и инфламаторни заболувања. Во моноцитите и макрофагите го стимулира имунолошкиот одговор таргетирајќи антиоксидантни и антиинфламаторни одговори. Како последица, клетките инфицирани со вирус се неутрализираат преку индукција на антиоксидативни ензими. Медот, прополисот, матичниот млеч, поленот имаат потентна антивирусна активност кон патогени кои предизвикуваат респираторен синдром. Влијанието на овие природни продукти врз имунолошкиот систем е огромно и многу од нив се вклучени во индуцирање на продукција на антитела и стимулација на имунолошкиот одговор.
Овие природни копоненти плус ликопен се составен дел на граничниот препарат Ge 132+ Natural, кој има силна антиоксидативна активност, висок антиинфламаторен потенцијал и може да се каже дека е терапевтски корисен кај третман на болести кои имаат инфламаторна природа, ја подобрува општата здравствена состојба, придонесува за јакнење на имунолошкиот систем, дава антивирусна и антибактериска активност, поволно делува на срцето и крвните садови и го регенерира рековалесцентниот организам.