Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека светот е изманипулиран и дека Русија не ја нападнала Украина, туку дека тие им помагале на цивилите. Тој нагласи дека Западот користи опасни потези и дека Русија го гледа тоа.
„ Потезите на Западот се опасни, тоа го гледаме. Ние не ја нападнавме Украина, не планираме да нападнеме ниту други земји. Нашата безбедност е загрозена. Сакавме да разговараме, но никој не не слушаше. Ние никому нема да ги оправдуваме нашите постапки во Украина, ниту пред НАТО. Нема да гледаме како се гради нацистичката нација во Украина. Сакаме Украина да остане неутрална, ова го кажа претседателот Путин многупати. Според она што го кажува Зеленски, тој почнува да разбира сè и затоа сме малку оптимисти “, рече Лавров по средбата со украинскиот министер за надворешни работи, Кулеба.
Лавров истакна дека работат на тоа да ја решат кризата.