Денеска градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на систем за водоснабдување на граѓаните на село Љубанци и село Љуботен.
„Историскиот проект – изградба на водовод за Љубанци и Љуботен денес е реалност. Поставени се 400 метри цевковод на двата крака на трасата.
Истовремено, се поставуваат цевки на вториот крак на водоводот, на резервоарот Љуботен. Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски обезбеди 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти – систем за водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен, со чиста вода за пиење од градскиот водовод“, известуваат од Општината
„Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, за големата поддршка за овој исклучително значаен проект. Воедно, градоначалникот истакна дека иако многумина политичари не се ни обидоа и не веруваа, а некои политички противници сè уште го оспоруваат и се противат на проектот, граѓаните на Љубанци и Љуботен ќе имаат постојано водоснабдување со здрава и кавалитетна вода за пиење“, додаваат од Општината.
Текстот Изградбата на водоводот за Љубанци и Љуботен напредува со одлична динамика, известуваат од општината Бутел е превземен од МАКФАКС.























