– Изгоре жива спасувајќи ја мајка си! Да вриштиш од болка од гнев! ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!, напиша на својот Фејсбук профил Љуљета Адеми првата жена со инвалидитет која го искачи Триглав.
Адеми сподели фотографија од настраданата девојка:
По долгата трауматична ноќ, неизмерната тага на семејствата на починатите продолжи и пред Институтот за судска медицина. Дел ги чекаа резлтатите од обдукцијата, дел беа повикани да дадат ДНК за да се идентификуваат телата кои во страотниот пожар изгореле до степен на непрепознавање. Роднините се уште во шок не сакаа ништо да зборуваат. 14 тела се во институтот за судска медицина.
Од судска медицина не сакаа да зборат за причините дали биле изгорени или загушени од тешкиот чад, она што е извесно дека до утре треба да заврши обдукцијата на сите починати.