Изгоре напуштена куќа во близина на Железничката станица во Скопје. Од куќата која е лоцирана во населбата Маџир Маало изгореа кровот и еден кат. Во моментите кога избувнал оган, во објектот немало никој. Пожарната служба информираше дека немало повредени, а пожарот е изгаснат.

„Примена е дојава во 13.50 часот за настанат пожар во напуштена куќа Ѓуро Ѓоновиќ број 65. Веднаш е интервенирано со четири противпожарни возила со 10 пожарникари“, рече Звонко Томевски, Командант на бригада за противпожарна заштита на Град Скопје.