По брза интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје во Пржино попладнево спречено е ширење на пожар во кој изгоре барака.
Повреден е соственикот кој се обидел да го гаси огнот.
Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА информираат дека интервенирале со шест возила и 18 пожарникари и оти пожарот веднаш бил изгасен со што се спречило огнот да биде префрлен кон околните куќи.