Иако наполни 75 години, Доли Партон и понатаму ги воодушевува гледачите со својот глас, изглед и начин на размислување…

Во изминатите години имавме прилика да го слушаме подкастот „Dolly Parton’s America“, да ја погледнеме серијата на компанијата Нетфликс, „Dolly Partonʼs Heartstrings“, да ја прочитаме книгата „Songteller“ и да го заокружиме сето тоа со божиќното остварување „Christmas on the Square“. Се чини дека љубовта не познава граници, и дека во случајот со оваа дама и публиката тоа е реципрочно. Иако со некои изјави знаеше да ја допре политиката, таа секогаш ја надоместуваше со духовити и мудри зборови на сметка на други животни теми. Во воведниот дел, вреди да се истакне дека нејзината кариера трае неверојатни 50 години, во кои успеа да спои различни вкусови и генерации.

Во денешниот текст, решивме да се потсетиме на нејзините највпечатливи изјави, кои не се тесно поврзани со музиката, туку со животот со сите свои подеми и падови.

  1. За феминизмот

„Јас бев првата жена која запалила градник – на пожарникарите им беа потребни 4 дена да го изгаснат огнот“.

Фото: Инстаграм
  1. За непредавањето

„Кога човек ќе дојде во некои години, многумина мислат дека тоа е крај. Но, јас никогаш нема да запрам. Ќе продолжам да снимам плочи, по цена и да ги продавам од багажникот на мојот автомобил. Јас тоа сум го правела, и повторно би била спремна за тоа“.

  1. За смислата на животот

„Не дозволувајте да бидете премногу зафатени со грижата за пари додека животот ве одминува“.

Фото: Профимедиа
  1. За паметот

„Изгледам како жена, но мислам како маж. Соработував со мажи кои сметаа дека сум блесава како што изгледам. Кога конечно сфатија, ги добив парите што ги барав и заминав“.

  1. За храброста

„Никогаш нема да дадете се од себе, освен ако не сте доволно храбри и одважни да се осмелите“.

Фото: Профимедиа
  1. За убавината

„Потребни се многу пари за ваков „евтин“ изглед“.

  1. За слободата на избор

„Нема да се ограничувам себе си, само затоа што другите не можат да се помират со тоа што јас имам повеќе таленти“.

Фото: Профимедиа
  1. За чувствата

„Не го скаменив срцето, затоа што сакам да чувствувам. Кога боли, боли до коска. Кога плачам, рикам. Кога ќе полудам, полудувам целосно. Јас сум личност како и секоја друга. Сакам да го проживеам секое чувство и искуство на мојот пат “.

  1. За несоодветните шеги

„Не ме навредуваат глупави шеги на сметка на русокосите, затоа што знам дека не сум глупава… а исто така знам и дека не сум русокоса“.

Фото: Профимедиа
  1. За оптимизмот

„Јас работите ги гледам вака, ако сакате да видите виножито, мора да го издржите дождот“.

  1. За вистинските вредности

„Јас секогаш ќе ги бројам моите благослови, а не банкнотите. Јас не работам за пари. Никогаш парите не ми биле целта“.

Фото: Инстаграм