На вчерашната 111 Седница, на предлог на пратеници, изгласани се измените на Законот за возила со кои:
-Се дава уште една законска можност на граѓаните во дополнителен рок, кој воедно е и правен основ да можат преку постапка за легализација, односно утврдување на сопственичкиот статус да станат сопственици на тракторите, тракторските приколки, мобилните машини, мотокултиватори, приколки за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L и да можат да ги вклучат во сообраќајот на патиштата како безбедни за намената која ја имаат.
Законот ќе се применува до 30 јуни 2024 година.