Собранието попладнево ја изгласа потребата од носење на предлог закон за одложување на пописот на населението. Со 95 гласови ЗА, седум против и без воздржани, оваа точка беше изгласана.

Сега, расправата се префрла во матичната комисија, односно Комисијата за европски прашања. Кога таму ќе заврши расправата, повторно предлог законот треба да се најде на пленарна седница каде ќе се гласа за одложување на попис.

Воедно на истата денешна седница беше изгласана и потребата за измени на Изборниот законик, со кој локалните избори наместо во првата половина од октомври треба да се одложат за втората половина на истиот месец. За овој предлог гласаа 102 пратеници ЗА, значи сите присутни без против и воздржани.

Исто така и овој предлог закон се сели сека во матичната комисија, односно Комисијата за политички систем.