До 15 јуни да ги избрка Бујар Османи и Артан Груби од Владата и од ДУИ, побарал потпретседателот на партијата Изет Меџити од лидерот на ДУИ Али Ахмети, во спротивно ќе се соочи со независни кандидатури за градоначалници во Сарај, Чаир, Кичево и Тетово, објави порталот на албански јазик „Алмакос“.
„Токму како што вашиот внук Фатмир Лимани ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Кичево, така и Висар Ганиу ќе биде независен кандидат за градоначалник на Чаир, но и во општина Сарај, Блерим Беџети ќе настапи како независен кандидат,“ ова е, наводно, пораката, што му ја пратил Меџити на Ахмети, тврди „Алмакос“. Овој медиум додава дека „за ваквите изјави нема потврда од ниедна страна“, но и оти „изворите во ДУИ велат дека се реални“.