Магазинот „Сонгфестивал“ ги избра најлошо облечените учесници на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија.
Победник, односно најлошо облечен учесник на Евровизија, е претставникот на Норвешка, Тикс. Изведувачот за време на настапот носеше долго бело крзнено палто, светкав костум и ангелски крилја на сцената во Ротердам.
На второто место е претставничката на Романија, Роксана, додека хрватската претставничка Албина Гржиќ го освои третото место. Порталот „Сонгфестивал“ наведува дека постои разлика од само еден глас меѓу Роксана и Албина.
Четвртото место му припадна на Британецот Џејмс Њуман, а на петтото место се најде преставничката на Израел, Еден Ален.
Наградата за најлошо облечен учесник на Евровизија се доделува 24-та година по ред, а беше именувана по белгиската пејачка (Barbara Dex Award) која беше прогласена за најлошо облечена на Евровизија во 1993 година.