На состанокот на претседателката на Косово, Вјоса Османи и лидерите на опозицијата одлучија да ги одложат изборите на северот на Косово за 30 април, пишува. Прво било предложено изборите да се одржат на 19 или 26 март. Сепак, министерот за заедници и враќање, Ненад Рашиќ, предложи изборите да се одложат за шест месеци. По средбата со политичките претставници, Османи истакна дека сите учесници се согласни со таа одлука.

-Имавме целосна согласност за април 2023 година. Исто така, сакам да нагласам една важна работа дека сите претставници на политичките партии покажаа одговорност за она што е најсвето, а тоа е животот на нашите граѓани кои мора да се заштитени и обезбедени. И покрај тоа што полицијата ги има потребните капацитети, криминалните банди ги исплашија нашите граѓани. Учеството би било исклучително мало поради страв од тензии и напади. Ова доведе до повлекување на некои луѓе од списокот. Изборите би се одржале без меѓународен или локален надзор. За да се обезбеди локален и меѓународен надзор, безбедност и време за безбедносните институции на законот и редот, неопходно е одложување. И ќе организираме избори, за да бидат слободни“, изјави Османи.