Реџеп Тајип Ердоган е во водство по вториот круг од претседателските избори, пред неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу. Според првите прелиминарни, неофицијални резултати, ердоган има 52,5 проценти од гласовите, додека Киличдароглу 47,5 од гласовите.  Повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас во вториот круг избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција Кемал Киличдароглу. Пред две недели се одржаа парламентарните и првиот круг од претседателските избори во Турција.  Народната алијанса на Ердоган освои мнозинство во Парламентот, додека за претседателската трка се одржува втор круг бидејќи ниту еден кандидат не доби просто мнозинство, односно повеќе од 50 отсто од гласовите. Ердоган водеше во првиот круг со освоени 49,52 отсто од гласовите.