Демократската унија за интеграција денеска организираше внатрепартиски избори за избори на претседатели во 14 ограноци, како и членови, претседатели на локални совети и членови на раководството на локални совети во ограноците.

По завршувањето на изборниот ден претседателот на партијата Али Ахмети ги објави имињата и истакна дека првпат се прави избор на нови локални лидери со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.

– Примената на овој модел при изборот на партиските органи го докажува демократскиот пристап и капацитет на Демократската унија за интеграција. Никој не изгуби, победи ДУИ, истакна Ахмети.

На новинарско прашања како го коментира соопштението на фракцијата во ДУИ, познати како „Огнена група“ во кое ти обвинуваат дека овие избори се диктат, Ахмети одговори дека изборниотпроцес во партијата е унапреден.

-Статутот на ДУИ е јасен. Конгресот на ДУИ едногласно донесе одлука да изборните процеси во ДУИ да бидат под највисоки стандарди со напредна демократија за да не се ограничи и локализира изборот со принципот јас одлучувам за тебе и за мене, туку напротив, како што е овој случај да гласаат 28.778 членови. Избраните денес не се избрани од десет луѓе или од 100 или 500 туку 28 илјади членови. Има одличен прием за ова унапредување на процесот затоа што се зголемени правата на членовите, а не се намалени правата на членовите. На еден член на ДУИ му е дадена можност сам да одлучува кој ќе го претставува во органите на партијата. Ништо не се негира на кој било туку се унапредува процесот, рече Ахмети.

Избраните претседатели во 14 ограноци на ДУИ се – во Липково Мирсад Ибраими, во Куманово: Ридван Асани, во Чаир: Беким Незири, во Бутел: Мухарем Асани, во Шутка: Илаз Лесковица, во Петровец: Насер Халити, во Јегуновце: Елдин Адеми, во Кичево: Ардита Дани, во Дебар: Артин Спахиу, во Крушево: Абиб Веџиу, во Битола: Лутфи Амето, во Пласница: Бајрам Карамалески, во Велес: Локман Салија, во Преспа: Арјан Муједини.

Наредниот пат треба да има избори во девет други ограноци.