Вчерашниот пожар во хотелот „Буши“ во старата скопска чаршија за малку ќе се претвореше во трагедија според билансот на повредени лица и оние кои побарале лекарска интервенција на самото место. На 19 лица им била укажана помош во комплексот, шест биле примени на Токсикологија, тројца завршиле во ГОБ „8 септември“.
Пожарот, според противпожарната бригада на Град Скопје, избувнал во кујната на ресторанот и благодарение на брзата интервенција на нејзините припадници било спречено да се прошири и на објектите околу комплексот.
Телма Тв јави дека во турканиците, 70 тина завршиле со повреди. Лекарите интервенирале кај 28 луѓе, на 19 им била пружена медицинска помош на лице место, а 9 завршиле во болница. Шестмина се на Токсикологија, а другите тројца во градската болница „8ми септември“, информираат за Телма од Брзата помош. Настрадале и тројца пожарникари.