Мора да се стави крај на табуизирањето на женското тело – „феномен“ кој кај нас, за жал, се провлекува со генерации. Особено сега, кога социјалните медиуми ја имаат „моќта“ за дополнително внесување на мрачен морал и „толкување“ на женското тело. Секое тело е природно и нормално.

За среќа се повеќе жени се охрабруваат да живеат над осудите, над мислењето на другите. Една таква жена е пејачката и јутјуберка Ивона Ивановиќ од Куманово која на социјалните мрежи е позната како Ивона Јо.

Instagram
Instagram

Ивона овојпат на својот инстаграм-профил сподели фотографии на кои позира во фустанот кој отсекогаш замислувала дека ќе го носи. Покрај фотографиите таа упати силна порака до секој оној кој се дрзнува да коментира нечие тело.

Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишок кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танги и слично“, го започна своето обраќање Ивона која вели дека покривајќи се со слоеви гардероба, се покривала себе и својата индивидуалност.

Instagram
Instagram

И најтешко од се знаете што е? Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш“, продолжува таа.

Instagram
Instagram

Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што? Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна. Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така. Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе“, заклучи Ивановиќ посочувајќи дека секој треба да се грижи за себе, затоа што тоа е единственот пат кој води до себеприфаќање.