Вработените во ивент индуријата излегоа на протест пред Владата, барајќи неповратна финансиска помош и итна средба со владини претставници. Симболично, со поставени кутии за опрема и едночасовен молк, испратија порака до властите дека една година не се гласни и не си ја работат својата работа. Според нив, иако во последниот сет мерки има наменета мерка за ивент настани, велат дека е неразбирлива и дека се што побарале, Владата не испочитувала. Падот на приоходите им се над 60 отсто, со што апелираат побрза реакција за спас на нивните работни места.

„Цела година не работиме, не сме препознаени од Владата, односно сме препознаени на некој чуден начин неразбирлив за нас. Состојбата е таква каква што е, бројот на заболени се зголемува, ние сметаме дека веднаш треба да седнеме и да разговараме за некаков спас на индустријата бидејќи е непримерно сега да одржуавме јавни настани и да правиме големи концерити. И покрај тоа што веќе еднаш разговаравме, се она што го договаравме и се она што го побаравме од Владата не е ништо испочитувано“, рече Маја Бабиќ- Претседателка на Асоцијацијата на „ивент“ индустријата.

– Advertisement –

Прикажи повеќе