Иницијативата за овој најнов референдум како да почнува да спласнува, се претпоставува дека инцијативата може да биде отфрлена или дека нема да биде прифатена, па самата иницијатива за референдум може да тргне во друг смер.

– Прашањето е кон каде одиме и која ни е целта што сакаме да ја постигнеме, вели Трендафил Ивановски, поранешен прв човек на Уставен суд, во гостувањето во Студио 10 на ТВ24,

– Нашата цел и во првиот референдум беше независна и самостојна држава, ама со непримена на правото и правната држава излегува дека не знаеме кон каде одиме. Ние имаме неконзистемнтен систем во кој партискиот дух е доминантен и се се сведува на одмерување на силите на партиските лидери, а гледаме кон каде води тоа.

Европските земји имаат чести референдуми и тоа е демократска алатка. Но прашање е колку е запазен моментот на уставност во референдумите што се одржуваат на државно ниво, со исклучок на референдумот за независност.